декември 2, 2022

Социјалдемократот Петар Богојески: Автопат Велес – Прилеп – Битола – Охрид е нужен за овој регион

Петар Богојески од Социјалдемократската Унија денеска во Охрид го реафирмираше минатогодишниот проект за изградба на автопат Велес – Прилеп – Битола – Охрид.

Сподели
 
 
 
   
Петар Богојески

„Ќе се поврзат и Крушево преку Кривогаштани, Демир Хисар преку Бучин, Ресен, Македонски Брод. Тој проект го најавивме на самиот почеток од промоцијата на Социјалдемократската Унија минатата година… целосно оправдан од планираните капитални инвестиции во патната инфраструктура“, истакна социјалдемократот Богојески во својот пост на социјалните медиуми.

Од Социјалдемократската Унија, број 10 на избирачкото ливче, порачувааат дека последна шанса за нешто заедно да се направи за подобра држава е главниот слоган на партијата – „Ова е последна шанса. Последна шанса да живееме во слобода, спокој и солидарност! Последна шанса да изградиме нормална држава со богати граѓани”.

Инаку Петар Богојески на овогодинешните предвремени парламентарни избори најверојатно поради несигурност во тоа дали граѓаните воопшто ќе му ја дадат базичната поддршка за настап на избори, со помош на законски дупки и недоречености го заобиколи собирањето на потребните 1.000 потписи за поддршка на својата листа со тоа што се приклучи да настапува со печатот на партијата Социјалдемократска Унија. Претходно во подготовките за нивниот настап си купија свој медиум со 50.000 следачи на Фејсбук – politika.com.mk, а во последните две години скоро секој ден вложува големи финансиски средства за рекламирање на Фејсбук. Поради нејасните законски регулативи, никој не знае кој ја финансира оваа социјалдемократска групација, ако се знае дека повеќето се вработени во јавната администрација.

Сподели