декември 1, 2022

Сепаратистичките тенденции на ДУИ продолжуваат: Задолжително изучување на албански јазик од 5 одделение, консензуална химна, законодавство и егзекутива

Кандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери, пред Владата претстави дел од програмата. Во своето обраќање тој истакна дека неговиот план е непартиски и е добар за заедницата и за земјата.

Клучните точки се измена на текстот на државната химна,  задолжително изучување на албанскиот јазик почнувајќи од петто одделение во сите училишта, нов државен празник  13 август – потпишувањето на Рамковниот договор, имплементирање на  консензуално законодавство при одлучувањето и заедничка одговорност. Ова значи дека со 10-те стратешки државни институции ќе управуваат заеднички од еден Македонец и еден Албанец, со заеднички права за потпишување, како АНБ, Разузнавање, Бирото за јавна безбедност, Статистика, Фонд за здравство, Пензиски фонд, ЕСМ, МЕПСО, Државни патишта и во Железници.

Понатаму, грижа за еднаква дистрибуција на јавните инвестиции, односно главните економски одлуки (буџет, инвестиции, даноци) од страна на владата да не можат да бидат донесени без поддршка од мнозинството членови на албанскиот кабинет.

Сподели