мај 19, 2022

Пад на индустриското производство

Според податоците на Државниот завод за статистика, падот на индустриското производство во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, изнесува 27 отсто.

Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 32.1.% отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пад од 14.6 проценти.

Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, пијалаци, тутунски производи, текстил, облека, на метали и други неметални минерални производи, фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, електрична опрема,  машини и уреди и  моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање најмногу кај капитални производи за 47.0 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 48.8 проценти.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари ‒ мај 2020 година, во однос на периодот јануари ‒- мај 2019 година, изнесува 85.6.

Сподели