декември 2, 2022

Иран издаде налог за апсење на Трамп

Доналд Трамп

Иран издаде налог за апсење на американскиот претседател Доналд Трамп и 30 други лица под сомнение за вмешаност во нападот врз иранскиот генерал во Багдад, изјави денес обвинителот во Техеран, Али Алкасимер, пренесе Ројтерс.

Иран побара од Интерпол помош за апсење на осомничените, но Интерпол не го коментираше тоа. Обвинителот рече дека Трамп и останатите осомничени, кои не ги именуваше, се товарат за вмешаност во нападот од 3 јануари во Багдад, во кој беше убиен генералот Касем Сулејмани.

Сподели