мај 19, 2022

Две деца настрадаа при превртување на трактор

Трагедија ја потресе Струмица. 

Две деца загинаа при превртување на трактор кај Струмица. 

Се работи за малолетници на возраст од 14 и 15 години кои загинаа денеска околу 15:15 часот во сообраќајна несреќа на локалниот пат Добрејци и Пиперово.

Тракторот со кој превезувале двете деца се превртел и паднал во реката.

Увид на лице место извршија јавен обвинител, увидна екипа од СВР Струмица и лекар мртвопроверител, а по констатирање на причините за смртта телата на децата се предадени на семејствата.

Сподели