мај 19, 2022

Полицискиот синдикат ги повика политичките партии да не ги заплашуваат

Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат го повика своето членство, односно полицајците, професионално да ги ги извршуваат своите задачи за време на претстојните парламентарни избори и да не се ставаат во функција на политичките партии.

„Сакаме да Ви укажеме доследно да ги извршувате своите работи и работни задачи согласно законската регулатива која што го уредува спроведувањето на изборниот процес. Да не се ставате во функција на политичките партии заради вршење изборни нерегуларности, да не го нарушувате угледот на институцијата во која работите и да се воздржите од какви било провокации на активисти на политичките партии. Безбедносните служби мораат да бидат надвор од партиските влијанија,затоа што само деполитизирани безбедносни служби можат да гарантираат безбедност , правна држава и непристрасно спроведување на законите за сите. Истовремено ги повикуваме политичките партии и нивните локални преставници да не ги заплашуваат нашите членови и воопшто сите вработени во безбедносните служби со „нарачани мизерни соопштенија презентирани од презентери со растреперен глас и растреперни раце“ бидејќи времето на закани и уцени е едно минато време“, се вели во соопштението на синдикатот.

Сподели