мај 19, 2022

Пекинг тестираше една третина од населението, дневно се прават по 480.000 тестови

Пекинг ги засили напорите за масовно тестирање на граѓаните на Ковид-19 и досега тестираше третина од своето население, рече Жанг Кианг, претставник на општинскиот одбор во Пекинг.

До денес, се собрани 8,29 милиони брисеви и завршени се 7,69 милиони тестови, пренесува „Ројтерс“.

Пекинг го пријави својот прв случај на 11 јуни по спласнување епидемијата што избувна на пазарот во Вухан во декември лани. Оттогаш, откриено е дека 311 лица се заразени во градот со над 20 милиони жители.

Жанг додаде дека дневниот капацитет за тестирање во Пекинг се зголемил на 458.000 тестови. Кина денеска пријави 17 нови случаи на коронавирус, од кои 14 потекнуваат од Пекинг.

Извор: Макфакс

Сподели