ноември 28, 2022

Зголемено загадувањето од термоелектраните

Емисиите на прашина од РЕК Битола се 2,5 пати повисоки од дозволеното, а најголем проблем се емисиите на сулфур диоксид од електраната кои се дуплирани за само една година, од 52.823 тони во 2018 година во 105.431 тони во 2019 година. Со ова трите блока во комбинатот станаа инсталација со најголеми емисии на сулфур диоксид во регионот, а можеби и во Европа.

Вкупните емисии на сулфур диоксид во 2019 година од термоелектраните во Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија остануваат шест пати над дозволеното, исто како и во 2018 година. Емисиите на прашина во регионот се незначително намалени и во моментов се 1,6 пати повисоки од дозволеното.

„РЕК Битола е најголем индивудуален загадувач, но истовремено и најголем индивидуален извор на стакленички гасови. Со забрзана транзиција кон обновливи извори на енергија нема само да го подобриме квалитетот на воздухот во битолскиот регион, туку ќе бидеме и многу блиску до намалување на емисиите на стакленички гасови. Дополнително енергетската транзиција отвара можности за одржлив економски развој на целиот регион“ – истакна Елена Николовска од Еко-свест.

Извештајот подготвен од “Бенквоч” на српски и босански јазик е достапен на следниов линк:

Сподели