мај 19, 2022

ДАВКОВА: Јас лично нема никогаш да го користам наметнатото име “северна“, секогаш ќе велам Македонија

Гордана Силјановска Давкова

Јас лично нема никогаш да го користам тоа наметнато име и секогаш ќе велам Македонија. Референдумот беше неуспешен и тој факт никој не може да го промени, потсети од Ново Лисиче, професорката Гордана Силјаноска Давкова!

Нам ни треба во еден погоден момент, во Собранието, да го направиме она што го направија и тие!

Има и полесен начин. Уставниот суд слободно може да одлучи дека се што е по референдумот направено е НЕУСТАВНО и НЕЗАКОНСКИ.

Одговорно тврдам дека пред секој суд може да се покрене постапка за кршење на задолжителното меѓународното право, за кое еминентни светски професори, кажаа дека е повредено преку Преспанскиот договор, изјави Давкова од Ново Лисиче!

Името не сме го измислиле туку сме го наследиле и немаме право да го менуваме, поради нашите предци, но и поради нашите поколенија, изјави вечерва Давкова од предизборната кампања од Ново Лисиче!

Сподели