декември 2, 2022

Првиот оперативец на СДСМ меѓу Албанците во Скопско ја запали партиската книшка

Еден од најважните теренски оперативци и еден од најверните поддржувачи на Заев меѓу Албанците во Скопско ја запали членската книшка на СДСМ и порача дека СДСМ како најголемо зло мора да си замине на 15 јули.

Во видео емитувано на стриминг сервисот на Фејсбук Нафи Абдиоски ја пали својата партиска членска книшка и искажува незадоволство од СДСМ.

Абдиоски е разочаран од Ден Дончев и вели дека сега Дончев да трча по гласови и дека злото СДСМ мора да замине.

Сподели