ноември 27, 2022

И грчката граница најверојатно ќе остане затворена за Македонците?!

Грција планира да ја остави границата затворена на 1 јули за македонските туристи.

Според грчки извори Владата планира да стави блокада за 9 земји: Велика Британија, Шведска САД, Русија, Израел, Катар, Обединетите Арапски земји, Саудиска Арабија и Македонија.

Оваа одлука е поради новите епидемиолошки податоци и зголемениот раст на новозаболени од коронавирус.

Инаку во Грција од 1 јули, официјално ќе започне туризмот, аеродромите ќе ја полнат земјата со туристи, а ќе биде дозволено и пристигнување со бродови на пристаништата. Дури и за Италијанците кои беа најзагрозени од бранот Ковид-19 влезот во Грција ќе биде дозволен.

За разлика од нив Македонците изгледа ќе почекаат уште некоја седмица за влез кај јужниот сосед. Од грчката Влада засега не ја потврдуваат информацијата. Нашите извори велат дека постои мала веројатност Владата во Атина да се премисли, и во координација со ЕУ конечната одлука да биде позната деновиве

Сподели