ноември 28, 2022

Дочински: За тоа што ѝ го стори Димитров на Македонија, во Словенија ќе добиеше до 10 години затвор

Македонскиот активист од Словенија, Андреј Дочински, на носителот на владејачкиот СДСМ во првата изборна единица, министерот за надворешни работи Никола Димитров, не му го простува потписот на Преспанскиот договор.

“За тоa што г. Димитров и гo направи на Македонија, во Словенија и другитe земји од ЕУ ќе добиешe затворска казна од 1 до 10 години и немаше дa настапува на ТВ…”, објави на Твитер претседателот на Синдикатот за здравство на Словенија и кандидат за европратеник од Словенечката народна странка (СНС) на ланските избори за Европскиот парламент.

Како поткрепа на својот твит, Дочински го сподели и членот 350 од Кривичниот законик на Словенија. Во него се вели: „Државјанин на Република Словенија, кој ќе се обиде да ја стави во подреденост или зависност од друга држава, се казнува со затвор од една до десет години“.

Сподели