мај 19, 2022

Гужви на граничните премини

гужви на граница

„По три месеци граничните премини повторно се отворија за проток на граѓаните, но почитувајќи ги протоколите што ги препорачува комисијата за заразни болести. И граѓаните и вработените на граничните премини мора да преземат максимални мерки за нивна безбедност “.

Додека бевме на граничниот премин Блаце, имаше голем број на граѓани кои патуваа кон Косово или влегуваа во Македонија, за да ги посетат семејствата или за бизнис. Тие велат дека треба да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

„Прво од социјален аспект, отворањето на границите помага да се помине делот кон  Косово и обратно. Во однос на бизнисот, ќе има корист и бизнисот. Роднини ќе дојдат и ние ќе одиме таму. Нормално ќе се навикнеме да живееме со овој вид вирус “.

„Поголемиот дел од Косово е тука, сега се послободни за патување“

„Да се внимава, да се почитуваат правилата.“

„Многу е добро, дури и задоцни малку.“

„Имаме роднини, и пријатели за бизнис.“

„Блокадата беше лоша за сите, дури и за нас, не сме ги виделе роднините.“

„Јас доаѓам од Црна Гора, дојдов прво во Белград, од Белград до Нови Пазар и сега овде откако се отворија границите. Надвор бев пет и пол месеци, ожалостен сум, ќе го верам синот, и ќе одам да го завршиме ова.“

Од полицијата во Блаце велат дека од полноќ се зголемил бројот на патници.

„Од наша страна, преземени се сите мерки за слободно движење на граѓаните. Забележано е и движење на печалбарите и возила од различни земји како Швајцарија, Германија и други. Мерките генерално се почитуваат, но и ако има неправилности, ние ги предупредуваме граѓаните.“

Освен на  Блаце, голем број на граѓани го поминале и граничниот премин Табановце.  Граѓаните кои ја преминуваат границата, мора да носат маски.

Сподели