мај 18, 2022

75 години од Повелбата на ОН: Идеалите на тежок испит, ударот врз Република Македонија

Помеѓу основачите на Обединетите Нации е и Република Македонија.

Сподели
 
 
 
   

Кога претставниците на 50 држави го потпишаа основачкиот договор на Обединетите нации, зад нив беа ужасите на Втората светска војна. 

Меѓународната соработка беше основна цел на ОН. Стануваше збор за надминување на националните егоизми во полза на светскиот мир. Предуслов за тоа беше договорот од универзално значење – Повелбата на Обединетите нации.

Пред точно 75 години, кога претставниците на 50 земји во Сан Франциско ја потпишаа Повелбата на ОН, тие беа под голем и директен впечаток на двете светски војни. Поради тоа, во првата и најважна преамбула на Повелбата се вели: „Ние, народите на Обединетите нации, решени сме да ги спасиме идните поколенија од ужасите на војната, која  двапати во текот на нашите животи му  нанесе неописливи страдања на човештвото“.

Понатаму, целите вклучуваат почитување на човековите права и основните слободи, без оглед на „расата, полот, јазикот или религијата“. Повелбата ги опишува задачите и надлежностите на Обединетите нации.

Победничките сили во Втората светска војна – САД, Велика Британија и Советскиот Сојуз, преговараа за првите концептуални темели на Повелбата. Подоцна им се приклучија Кина и Франција. Овие пет држави добија постојано место во најмоќното тело во ОН, Советот за безбедност. Повелбата стапи на сила на 24 октомври 1945 година и стариот сонна човештвото за мир во светот конечно требаше да стане реалност.

Помеѓу основачите на Обединетите Нации е и Република Македонија, како Република во составот на Југославија. Со прогласувањето на Македонската држава на АСНОМ, таа ја формира новата југословенска федерација, и потоа го пренесе својот суверенитет и со тоа стана интегрален дел од неа. И токму затоа државата е цитирана во делот „Oсновачи на Обединетите Нации“ – држави наследнички.

После распадот на Југославија направена е една од најкруцијалните грешки во македонската надворешна политика. Наместо Македонија, како што постапија некои други југословенски републики, само да го извести ОН дека продолжува со членството под името Република Македонија, македонските политичари бараат повторно зачленување на државата во ООН. И токму на тој начин се раѓа проблемот со Грција и спорот околу името.

Обединетите Нации преку примерот со Македонија за жал не се издигнаа на висина на задачата, ниту на повелбата на самата организација.

Сподели