мај 19, 2022

Инерција

Кога ќе ги погледнеме бројките во дефицитот на буџетот, во месец април истиот е зголемен за фантастични 90% во однос на просекот од првите 3 месеци. Односно, просечен буџетски дефицит во првите 3 месеци е 2.470.000.000 денари или 40 милиони евра месечно, за во април тој да изнесува 4.716.000.000 денари или 76 милиони евра.

Сподели
 
 
 
   
Стефчо Негриески

Прологот е извадок од моја претходна колумна “Буџетот дише на шкрги”, кога го анализиравме извршувањето на буџетот во месец април. На 25-ти секој месец, Министерството за финансии ги објавува извештаите за извршување на буџетот за претходниот месец. Значи време е да разгледаме како буџетот се извршувал во месец мај.

Има што да се види. Дефицитот во буџетот во месец мај изнесува 6.766.000.000 денари или 110 милиони евра, што е зголемување за 44,7 % во однос на април кога изнесуваше 76 милиони евра и 175 % во однос на просечниот дефицит од првиот квартал, кој изнесуваше 40 милиони евра . Крајно загрижувачки бројки, со оглед дека дефицитот расте со аритметичка прогресија. Приходите опаѓаат, а расходите вртоглаво растат. А економската криза допрва ќе се продлабочува.

Буџетски приходи и расходи
Извор: Министерство за финансии
Буџетски дефицит
Извор: Министерство за финансии

Што треба да се направи?! Очигледно е дека сидрото повлече, но надолу. Потребно е да се изготви нов ребаланс на буџетот, но овој пат со кратење и на расходната страна. И вака ребалансиран буџетот е далеку од исполнување на проекциите. Значи штедење. Но, за ребаланс и штедење е потребна политичка и одговорна влада.

Или можеби долгиот период на формирање на нова влада, како што беше случајот после претходните парламентарни избори во 2016 година, ќе не спаси од продлабочување на дефицитот и дефинитивен крах. 2017 година е година кога номинално долгот минимално расте и во тој поглед е најуспешна година од осамостојувањето на Македонија. Македонија подобро функционира без Влада.

Време е меанџијата да викне фајронт!!!

Автор: Стефчо Негриески

Линк до мојата претходна колумна: https://www.dijalektika.com/2020/06/10/%D0%B1%D1%83%D1%9F%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%88%D0%BA%D1%80%D0%B3%D0%B8/

Сподели