декември 8, 2022

Две нови аудиоснимки со гласот на Дончев се појавија на Јутјуб

Според содржината не може да се утврди контекстот на кој се однесува она што го говори наводно Дончев, а како и претходно објавените „бомби“ и кај овие забележливо е дека се сечени

Сподели
 
 
 
   
Ден Дончев

Уште две нови аудиоснимки се појавија вечерва на новоотворен Јутјуб канал под име Дон КорлеДонев, под наслов „Силно светнал ден 1 и 2“.

Според видеоматеријалот врз кој се монтирани аудиоснимките се алудира дека на нив е гласот на екс директорот на Фондот за здравство Ден Дончев, но од содржината не може да се утврди контекстот за што се работи. Во нив Дончев споменува две имиња Зоки и Медарски.

Исто како и претходните аудиоснимки кои беа ообјавени пред три дена и кај овие две забележливо е дека се сечени.

Првата аудиоснимка трае 39 секунди и е со следната содржина:  

„После ја седнав, го замолив Зоки, Зоки ми даде пас им пуштаме полиција све, и после Медарски тоа оноа, знаеш сака да најдат решение…Милионски сум имаат префрлувано по трансфер прајсинг од тука ги префрлале во Швајцарија, е…о… Во последните 3, 4, 5 години имаат најверојатно, минимум 10 15 милиони неправилно извлечено со цел да избегнат данок во Македонија…“.

Втората снимка:

„Знаеш што е само работата значи, јас побарав од Зоки да пуштиме инспекција веќе ми пукна филм ме мафтаа отидоа снимаа и има кривичен наод против овој и тогаш они го ангажира Медарски да ургира кај Заев и сега Медарски од една страна јас од друга страна…Имаат испумпано милиониски суми од тука ја имаат направено фирмата загубар, а 10 милиони евра пумпаат на име авторкси права…“

Сподели