ноември 28, 2022

Бојкот на тројца од кандидатите за ректор на УКИМ

Тројца од професорите-кандидати ќе ги бојкотираат утрешните избори за ректор на Универзитетот Свети Кирил и Методиј. Професорите Димитриевски, Атанасов и Живковиќ велат дека се повлекуваат бидејќи процедурата не била ниту објективна, ниту, пак, транспарентна. Очекувале министерот за образование, Државниот просветен инспекторат, како и сите други надлежни институции да го запрат изборот на ректор на УКИМ, но тоа не се случило.

– Поради тоа наша морална и академска должност е да преземе чекор со кој нема да бидеме соучесници во вакви скандалозни избори и ќе ги заштитиме колегите од притисоци и можни законски и други последици. Ние кандидатите за ректор, јавно изјавуваме дека ниту ги признаваме ниту ќе учествуваме на вакви недемократски избори за ректор на УКИМ закажани за утре, 26 јуни, нагласи Атанасов.

– Оваа е наш последен обид да укажеме на сето тоа и со ова ние го замрзнуваме нашето учество на утрешното гласање, истакна Димитриевски.

Тројцата професори сметаат дека изборите за ректор треба да се одржат по парламентарните избори во легитимна постапка.

– Доколку останеме во постапката ќе им дадеме легитимитет на изборите. УКИМ заслужува фер и демократски избори, па нека победи најдобриот, рече професорот Живковиќ.

За ректорот на УКИМ да се одбере на демократски начин, тројцата кандидати бараат да им се овозможат меѓусебни дебати, со цел другите професори и студенти да се запознаат со нивните програми.

Сподели