декември 2, 2022

Бил Гејтс го обвини Трамп дека лаже: „Игнорирањето на пандемијата не е политичко прашање“

Бил Гејтс смета дека САД значително заостануваат во својот одговор на пандемијата на коронавирусот. Милијардерот кажа дека САД „не се ни блиску“ во преземањето доволно активности за борбата против новиот вирус.

Сподели
 
 
 
   
Бил Гејтс

„Соединетите Американски Држави минаа низ тежок период. Не сме строги во применувањето на мерките, а почитувањето на носењето маски во САД е далеку помало особено во споредба со земјите во Азија“, кажа Гејтс за Си-ен-ен.

САД пријавија повеќе од 2,3 милиони инфекции со ковид-19 и повеќе од 122.000 смртни случаи.

Во средата, на 26 јуни, беа потврдени повеќе од 36.000 нови случаи, а 36.426 случаи беа забележани на 24 април, што е најголемиот број случаи во еден ден во САД.

„Глобалната слика и сликата во САД се помрачни отколку што би очекувал“, кажа Гејтс.

Тој ги отфрли тврдењата на претседателот на САД Доналд Трамп дека случаите се зголемуваат бидејќи Америка тестира повеќе луѓе и ги нарече „целосно лажни“. Епидемиолозите исто така кажаа дека зголемените тестирања не се причина за скокот на новозаразените.

„Би можело да биде многу полошо доколку вирусот не беше, како што велат, сезонски, и сега знаеме дека имаме корист од летото. Инфекциите ќе се влошат на есен, така што има сѐ повеќе причини да не се опуштаме“, наведе Гејтс.

Гејтс кажа и дека „спектарот на однесување“ како одговор на кризата е огромен, бидејќи некои луѓе се внимателни, а други „всушност ја игнорираат“ пандемијата.

„Некои како да мислат дека тоа е поличко прашање што е многу лош начин на размислување“, заклучи Гејтс.

Тој за „Си Ен Ен“ истакна дека тоа што луѓето во Америка и понатаму умираат, покажува дека оваа земја не направила ниту „близу“ до тоа што требало да го преземе, со цел да го спречи ширењето на заразата. Според него тестирањето би можело да се одвива многу побрзо.

„Всушност, многу земји направија многу по однос на ова прашање, и технологијата таму станува се подобра. САД не покажаа координираност и не излегоа со лидерска порака“, вели Гејтс.

„Гувернерот во Северна Дакота, мој пријател, мораше да им говори на граѓаните да не бидат лоши кон оние кои носат маски. Тоа во потполност ме запрепасти“, вели Гејтс.

Сподели