јуни 20, 2021

Трансформација на македонските политичари – еден ден тврдат едно, а кога ќе им се понуди нешто, веднаш го тврдат спротивното

Насер Зибери

Таков е случајот со Насер Зибери, кого ДУИ го исфрли во игра за иден премиер на Владата на Република Македонија.

Имено, самиот тој пред некој ден за “Алсат-М” ја отфрли оваа идеја како “Неатрактивна”.

“Слоганот за премиер Албанец не е голема идеја и не може да биде атрактивна за да се направи радикален пресврт на расположението на гласачите, особено на гласачите Албанци, така што не очекувам важен пресврт во овој поглед.

Целото ова барање кога се става во функција на предизборната активност, носи други димензии и честопати се става во негативна конотација, особено во опозициските партии, во партиите конкуренти со ДУИ. Ако една партија нема 61 место во Парламентот, мора да има политички договор, договор за коалиција со други субјекти”, изјави Зибери.

Само неколку дена откако Ахмети токму него го лансираше како кандидат за премиер, Зибери веднаш го смени мислењето и идејата прерасна во “атрактивна”:

“Реков „да“ за кандидатурата затоа што оваа идеја е поголема од мене, таа е поголема од ДУИ. Не би ја прифатил ако не бев убеден дека станува збор за национален проект”.

Од изјавата не е јасно за чија националност ова претставува “национален проект”, бидејќи премиерот е премиер на граѓанска држава составена од граѓани од различни националности.

Автор: Роберт Милески

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •