јуни 19, 2021

Скопска Апелација ја укина ослободителната пресуда за Тревник за Латас и неговите браќа

Латас

Скопска апелација ја укина ослободителната пресуда за Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан и го врати предметот на повторно судење во Кривичниот суд. Ова  за Телма го потврдија официјално од второстепениот суд, но нема повеќе информациии, какви пропусти и грешки констатирале апелационите судии во првостепената пресуда .

Пред речиси една година на 4ти јули, судијката Марија Клетничка Марковска ја објави првостепената пресуда според која тројцата браќа обвинети за бесправно градење на викендички во Зелениково ги ослободи од вина со образложение дека не сториле кривично дело според закон.  Наведе и дека дека во 2011 и 2012 додека се граделе викендичките во Зелениково, ниту граѓани пријавиле, ниту инспектори констаритале дека куќите се дивоградби, ниту пак било донесено решение за отстранување на градбата. Потоа објектите добиле и одобренија за градба и  биле впишани во Катастарот, објаснуваше судијката .

Против Латас се води уште еден предмет кој го иницираше СЈО „Тотал“ за даночно затајување.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •