мај 19, 2022

Национализмот не е заповед, љубов е!

Елена Петрова Костова

Патриотизмот го дефинирам како љубов спрема татковината, државата, народот, јазикот, културата, обичаите, историјата. Истакнување на симболите на државата, гордеејќи се со неа и почитувајќи ги.
Национализмот го дефинирам и како обожување на нацијата.

Национализмот е идеологија, додека патриотизмот е морално, природно чувство.

Национализмот има два облика:

  1. Како општествено-политичко и културно движење на граѓанската класа што се бори за будење на националната свест, за заштита на националните права и за создавање на национална држава;
  2. Како идеолошки и политички израз на затворањето, самодоволноста и култот на сопствената нација што се карактеризира со националшовинизам и со потценување на правата и вредностите на другите нации.
    Првиот е чистиот и ПРОГРЕСИВЕН НАЦИОНАЛИЗАМ!
    Вториот е НАЦИОНАЛ – ШОВИНИЗАМ!

Сведочиме ли како Македонци на жигосување на национализмот наспроти патриотизмот?!
Тие две супстанци не се во спротивност!

Национализмот само е засилен патриотизам!

Националистот е личност која не ги цени другите нации повеќе од својата!

Националистот работи исклучиво за интересите на својата нација!
Тој е подготвен и на саможртва за жестока одбрана на својот народ и нација!

Националистот не ги мрази другите, туку шовинистот!
А нацистот – ги уништува другите!

Ете тоа е редоследот, почитувани!
Треба ли да објаснувам зошто национализмот им пречи на империите!?

Уште во СССР, национализмот бил жигосан како “ретроградна буржоаска идеја”!
Буржоазијата пак, исто не го трпи национализмот, бидејќи и пречи на колонијалната и неоколонијалната експанзионистичка политика!
Оти нели, националистот си работи само за интересите на својот народ, а не за нив!??

Најлесно е да биде ОТСТРЕЛАН НАЦИОНАЛИЗМОТ како НЕГАТИВЕЦ!
Најлесно е кога нема емоција.
Нацијата не е еден народ!
Нацијата се сите во државата!
Националистот ја обожува нацијата, ја обожува како целина со сите нејзини делови!

Шовинистот ја мрази нацијата, на сметка на својот народ!
Еве, јас сум националист и не мразам ниту еден друг народ, дури ни народите на непријателите!
А способни да мразат се оние кои не си го сакаат ни својот народ!!!

Твое е она што ќе го дадеш, а не да земеш…

Твоја е земјата ако умееш љубов да и дадеш!

Автор: д-р Елена Петрова Костова

Сподели