јуни 21, 2021

Боки 13 во обвинителство – поднесува кривични пријави против функционери и бизнисмени

Боки 13

Бојан Јовановски- Боки 13 претпладнево од истражниот затвор во Шутка е префрлен во скопското обвинителство откако Кривичниот суд му дозволил да се сретне со обвинител и да пријави кривични дела, како што најави на изрекувањето на првостепената судска пресуда во случајот “Рекет”, кога беше осуден на 9 години затвор.

Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски за Телма изјави дека пријавите ќе бидат поднесени на записник и сите сознанија ќе бидат предадени на обвинителите.

Дуковски не прецизираше против колку лица и против каков профил на луѓе се однесуваат пријавите, а Јовановски претходно тврдеше дека има докази за злоупотреби и на функционери и на бизнисмени.

На изрекувањето на пресудата Јовановски ги кажа имињата на екс премиерот Зоран Заев и неговиот брат како лица каде завршуваат пари од рекетот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •