јуни 21, 2021

Сонцето – вчера, денес и утре

Денес, современите Македонци во СОНЦЕТО гледаат симбол на обединување и препознавање, но и симбол на пркос и борба за основното човеково право – да се биде тоа што сме!

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
Ивица Тодоров

ПОЧИТУВАНИ МАКЕДОНЦИ/ МАКЕДОНКИ,

формата на шеснаестокракото СОНЦЕ не е СОНЦЕТО од Кутлеш (по ново Виргина – како што многумина по навика, папагалски и погрешно го нарекуваат), ниту СОНЦЕТО од Старо Бонче – Пелагонија, ниту од Виничкото кале, ниту од Самоиловата тврдина, ниту од било кој дел од етничка Македонија каде што може да се пронајде!

Шеснаестокракото СОНЦЕ, првото државно знаме на независна Р. Македонија е НАЦИОНАЛЕН СИМБОЛ, препознатлив знак на Македонците, на македонското, на нашето!

Така нѐ препознавале, така нѐ препознаваат, така и ќе нѐ препознаваат во иднина, ако не се откажеме од себе и од сѐ македонско!

МАКЕДОНЦИ / МАКЕДОНКИ за самиот симбол / дизајн на шеснаестокракото СОНЦЕ може многу да се дебатира, но сепак од длабочината на македонскиот архетип избива баш овој симбол!

СОНЦЕ!

Па со што друго да се идентификуваат Македонците ако не со СОНЦЕТО, со светлината, со топлината, односно со ВИСТИНАТА и ЉУБОВТА! Та има ли посуштински вредности за секој човек, за секој народ од ВИСТИНА и ЉУБОВ! А Македонците се баш такви, вистинољубиви и љубовножртвени!

МАКЕДОНЦИ/ МАКЕДОНКИ, пред Христос Македонците му се поклонувале на Сонцето, по Христос тие преку Сонцето ја разбираат неискажливата моќ на Творецот!
Денес, современите Македонци во СОНЦЕТО гледаат симбол на обединување и препознавање, но и симбол на пркос и борба за основното човеково право – да се биде тоа што сме!
И за крај, нема повеќе „Сонце“ од Кутлеш, Старо Бонче, Виничко кале, Самоиловата тврдина.. има само СОНЦЕ, како национален симбол и препознатлив знак на Македонците!
Вековито да е, како што било и до денес!

Автор: Презвитер Ивица Тодоров

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •