јуни 20, 2021

САД сакаат „Мини Шенжен“ зона за Србија и Косово

Специјалниот претставник на САД за дијалогот меѓу Белград и Приштина Ричард Гренел изјави дека американската дипломатија е заинтересирана на состанокот на 27 јуни, кој треба да се одржи меѓу српската и косовската страна во Белата куќа, да се разговара за решавање на економските прашања.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
Ричард Гренел

Тој во интервју за телевизијата Њузмакс кажа дека „некои таканаречени експерти“ ги притиснале двете страни да разговараат само за политичките прашања.

„Одлучивме да се вклучиме бидејќи постои долга историја со толку експерти, таканаречени експерти, кои само ги турнаа во политичките проблеми, занемарувајќи ги економските“, истакна Гренел.

Тој додаде дека на младите во Србија и на Косово им се потребни работа и надеж.

„Кога разговарав за проблемите на младите на Косово и во бизнис заедницата, како и во Србија, беше јасно дека сакаат економски развој, сакаат нови работни места, сакаат надеж“, кажа тој.

„Тоа сѐ уште не е применето, но имаме договор и работиме на тоа. Истото важи и за железничкиот договор, кој би ги отворил границите за трговија, како и голем граничен договор за моторниот сообраќај. Она што мораме сега да го направиме е да се фокусираме на економските прашања за да создадеме мини Шенжен зона“, кажа Гренел, мислејќи на првата специјална економска зона во Кина.

Гренел договорот постигнат за авионскиот сообраќај го нарече историски, кажувајќи дека е потпишан за првпат по 21 година.

Како што се наведува, Приштина во Вашингтон ќе ја застапуваат Хашим Тачи и Авдулах Хоти, а Белград Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ.

Што претставува Шенжен зона

Кинеската Шенжен зона е една од најмоќните такви економски зони во светот.

Иако Кина првата специјална зона ја отвори дури во 1980, кинеските зони се најпознати во светот. Денес во Кина во специјалните економски зони работаат 40 милиони работници – речиси две третини од нивниот вкупен број во светот. Зоната Шенжен е на југот на Кина, покрај Хонг Конг, и е прва таква зона во Кина. Ја отвори лидерот на Комунистичката партија Денг Сјаопинг во 1980 година, во рамки на сеопфатните економски реформи кои Кина тогаш ги почна.

Економијата едноставно експлодираше и стана еден од центрите на Цела Азија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •