јуни 21, 2021

Насер Зибери е предлогот на ДУИ за премиер на Владата на РМ

Насер Зибери

ДУИ денеска го објави својот предлог за иден премиер на државата, тоа е политичкиот аналитичар, нотар по професија и поранешен парламентарец, Насер Зибери.

ДУИ во Преспа денеска ја започна предизборната кампања под мотот „Време е за премиер Албанец“.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети оптимистички најави дека државата за 5 години ќе биде дел од ЕУ и го најави Насер Зибери како премиер.

“По интензивните консултации со цивилното општество, академската заедница, експерти и создавачи на јавното мислење, но и пријатели, стигнавме до унифицираното и заслужно име за првиот Албанец кој ќе се натпреварува за кршење на последната едно-етничка рамка во Македонија, кој ги поседува сите квалитети за да раководи со извршната власт во земјата во насока на потполната рамноправност„ истакна Ахмети.

Кандидатот за премиер, Насер Зибери во неговиот говор со убедување истакна дека е дојдено време за потполна рамноправност.

“Ме изненади повикот на г. Али Ахмети со неговата покана за средба во неговата канцеларија. Ме запозна дека имал консултации со многу почитувани луѓе на цивилното и академското општество и дека моето име беше помеѓу предложените како надпартиски кандидат. Искрено се иненадив, и нормално се чуствував ценет. За да бидам потполно искрен, си мислев во себе дека ова нема да го промени само мојот живот, но истотака е многу голема одговорност. Одлука која воопшто не е лесна, а кратко време за одлучување. Но, челикот се кали во оган и една личност се цени за одлуките кои ги зазема за општественото добро наспроти личниот комодитет, и затоа реков ДА„ истакна Насер Зибери.

Зибери три пати беше избран за пратеник на изборите 1990, 1994 и 1998 година и тоа од редовите на Партијата за демократски просперитет (ПДП), во периодот од  1996 – 1998 беше министер за труд и социјална политика, како и потпретседател на Владата на РМ. По завршување на политичкиот мандат работи како нотар.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •