јуни 20, 2021

Грција лани ја посетиле 948.000 македонски државјани и потрошиле 114 милиони евра

Граничен премин Богородица

Грција лани ја посетиле 948.000 македонски државјани што е за 20 отсто помала бројка во споредба со туристите во 2018 година кога ги имало 1.187 000 милиони, покажуваат официјалните податоци од Банката на Грција. Македонските туристи притоа потрошиле 114 милиони евра или за 26,3 отсто помалку од 2018 година. Просечниот трошок по лице е 121 евро, а просечниот трошок по ноќевање е 48 евра.

Копнените грчки граници во минатата година ги минале вкупно 9,6 милиони туристи кои оствариле 38,2 милиони ноќевања и потрошиле вкупно 1.8 милијарди евра. Со тоа, патниот туризам претставува 30,6 отсто од вкупниот број пристигнувања во земјата и носи 10,1 процент од вкупните приходи.

Доколку се направи споредба на бројот на пристигнувања од Република Македонија во Грција во изминатите осум години, најмногу ги имало во 2015 година, 3.018.363 милиони, а најмалку лани кога за прв пат бројката е под еден милион. Слична е ситуацијата и во однос на бројот на ноќевања. Во 2014 и 2015 година имало над шест милиони ноќевања, а лани 2.348.726 милиони.

Со намалениот број пристигнувања и ноќевања се намалиле и приходите за Грција од туристи од нашата земја, па од 203 милиони евра во 2013 година, 261 милион во 2014 година и 245 милиони евра во 2015 година, лани се намалил на 114 милиони евра.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •