јуни 23, 2021

Во соседна Србија цвета нов бизнис: Негативен тест за коронавирус се продава за 50 евра!

PCR test

На југот на Србија, во близина на границата со нашата земја цвета нов бизнис – фалсификување и продажба на негативни тестови за коронавирус.

Граѓаните на Македонија кои се враќаат дома преку Србија, имаат можност, верувале или не, да купат негативен ПЦР тест за коронавирус за 50 евра и со истиот да добијат дозвола за влез во земјава.

Голем број на граѓани на нишкиот аеродром, но и на бензинска пумпа во близина на граничниот премин Табановце пријавија дека можат да купат фалсификуван тест за коронавирус. Наводно во близина на Врање исто така се продаваат негативни ПЦР тестови за 65 евра.

Како што е познато, моментално според протоколите, секој македонски граѓанин кој влегува во државава на граничните премини мора да достави негативен тест на коронавирус кој не смее да биде постар од 72 часа.

Досега постоеше и предлогот да се вршат тестирања на самиот граничен премин, но според најавите, веќе од петок македонските граѓани ќе можат да влегуваат во земјава без приложување на негативен ПЦР тест и карантин.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •