јуни 23, 2021

ВМРО е македонскиот народ!

ВМРО не е партија, а тоа вие никогаш нема да го разберете. ВМРО е Македонија!

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа ТВ се цитира некој водник од Охрид кој за Рашела Мизрахи вели дека била вмровски ум. Еве јас јавно кажувам дека сум горд што имам вмровски ум! Светите букви В.М.Р.О. се запишани во моето срце!

ВМРО е шепот, ВМРО не се слуша, ВМРО се прераскажува, ВМРО е идеја! ВМРО е прибежиште за секој Македонец каде што ќе најде сигурност, ВМРО е нераскинлива врска од нашето раѓање!

ВМРО е македонскиот народ! Секој Македонец е ВМРО, тоа е запишано во срцето на секој Македонец и никогаш тоа нема да го извадите од нас, а ниту ќе го разберете! ВМРО е Македонецот и Македонија!

Некогаш се делиме заради идеологии, некогаш заради идеи, но кога се работи за македонскиот народ ВМРО како феникс излегува од пепелта!

ВМРО не е партија, а тоа вие никогаш нема да го разберете. ВМРО е Македонија!

Да живее ВМРО! Да живее организацијата!

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •