јуни 20, 2021

Пристигнатите нови автобуси се уште стојат во гаража

Поради неплатен ДДВ на државата за увезените возила, јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) не може да ги пушти во редовен сообраќај новите пристигнати 16 возила на гас, а и овие што се очекуваат да пристигнат.
Како што информираат од ЈСП, поради актуелнава ситуација со ковид-19, се соочуваат со финансиски тешкотии во работењето, при што бележат загуба од околу 4,5 милиони евра.

– Од тие причини побаравме од Министерството за финансии да не ослободат од плаќањето на ДДВ за возилата, односно да ни дозволат да се пребиеме со средствата кои ќе треба да ги добиеме по основ поврат на ДДВ, имајќи предвид дека ЈСП како голем даночен обврзник од платениот данок на државата добива поврат на ДДВ. Но, за жал, на барањето не добивме позитивен одговор, одобрување. Од тие причини, поради неплатениот ДДВ за возилата, истите не можеме да ги пуштиме во сообраќај и стојат паркирани во гаража – образложија од ЈСП.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •