јуни 21, 2021

Помпео кажа дека објавувањето на книгата на Болтон е државен удар врз САД, тој пак вели дека Трамп не сака книгата да ја прочитаат Американците

Американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео го спореди Џон Болтон, поранешниот близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп кој за него напиша контроверзна книга, со Едвард Сноуден, поранешниот вработен на разузнавачките служби обвинет за шпионажа.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

„Искрено, многу ризикува да биде кривично гонет со објавувањето на тие информации“, предупреди американскиот државен секретар за Фокс њуз пред објавувањето на книгата „Собата каде што сѐ се случи“, која всушност е хроника на 17-те месеци кои Болтон ги мина во Белата куќа.

„Сите видовме што се случува кога луѓето ќе почнат да објавуваат доверливи информации, како Едвард Сноуден. Тоа што Џон Болтон го прави не е далеку од тоа“, додаде Помпео.

„И иако одлуката за правно дејство треба да дојде од министерството за правосудство, објавувањето вакви информации претставува закана и удар врз САД“, предупреди американскиот државен секретар.

Книгата на Џон Болтон не дава позитивна слика за Доналд Трамп кого го опишува како неспособен, невнимателен и опседнат со реизборот. Накратко, „неспособен за водење не првата сила во светот“.

Сепак, американската влада не успеа да го блокира објавувањето на книгата.

Од друга страна, Болтон во интервју за ABC News, изјави дека книгата не претставува опасност за националната безбедност, оти за неа не се заинтересирани толку странците, колку што администрацијата на Трамп не сака книгата да биде прочитана од американските читатели. Тој во интервјуто истакна многу пикантерии, како таа дека Трамп нема поим од политика, ниту се труди нешто да научи, туку го интересира само неговиот личен реизбор за Претседател на САД. Болтон тврди дека Трамп прашал дали Финска е во склоп на Руската федерација, и дали Велика Британија поседува нуклеарно оружје.

Џон Болтон објасни дека бил стаписан и не можел да стане од столчето за време на прес-конференцијата во Хелсинки помеѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, а претходно се плашел да го остави Трамп сам со Путин, оти не знаел што Трамп може да му издаде на Путин.

Болтон рече дека на следните избори совеста не му дозволувала да гласа за Трамп, но останува конзервативец и ќе гласа за некој друг републиканец.

Книгата на Џон Болтон: “Собата каде сè се случуваше: Мемоари од Белата куќа” од денес е во продажба ширум светот.

На интернет и на некои канали на Телеграм веднаш се појави пиратирана верзија на книгата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •