декември 2, 2022

На денешен ден, 23 јуни 2001 година, во акција на ослободување на село Арачиново беше убиен полицаецот Атанас Јанев од Струмица

Атанас Јанев

Атанас е роден на 23 август 1976 година во Струмица. Неговата фамилија потекнува од струмичкото село Мокриево. Во детството секогаш сакаше со постарите да муабети и да слуша за минатото на својот народ и земја. Уште тогаш му се познавал патриотскиот дух.

При секое минување низ градскиот плоштад, застануваше и се поклонуваше на паметникот на Делчев војводата, не претпоставувајќи дека и самиот ќе го прифати татковинскиот повик и ќе замине на бранителската задача. Премногу го почитуваше и споменуваше ликот и делото на Гоце Делчев.

После полнолетството, Атанас имаше силни желби да ѝ служи на татковината и да се приклучи во специјалците. Откако е вработен како полицаец, тој брзо напредувал и станал припадник на струмичката Посебна единица на Полиција. Кога започнал воениот конфликт во 2001 година, го прифатил татковинскиот повик и останал достоен и верен на заклетвата.

Неколку месеци пред да почне војната во 2001 година, во декември 2000 година тој стапил во брак со неговата сопруга, која веќе била бремена и очекувале прво дете. Атанас ја доживеал истата судбина како и неговиот соборец, беровчанецот Никола Пехчевски, со кого заедно загинале и двајцата не дочекале да си ги видат децата. Неговото чедо денес го носи татковото име – Атанас.

Атанас како и другите соборци кои загинале заедно, доброволно се пријавиле да учествуваат во првите борбени редови во акцијата за ослободување на Арачиново.

Да им биде вечен споменот на сите паднати бранители, кои ги положија своите животи во одбраната на нашата татковина Македонија.

Сподели