јуни 21, 2021

Домашен туризам со ваучер

Дивна Јанкова

“Никогаш не е доцна да бидеш она што си можел да бидеш.” – Иво Андриќ.

Без разлика која е вашата вистина, главната работа е..: Да ја пренесете низ животот како светост и да не ја изневерите својата душа никогаш ….

На кого и за што може да помогне владината мерка за ваучер: ако живее во преспанско да оди на Преспа, ако е од Охридско во Охрид, а за оние кои се од подалеку Скопје, Куманово може да отидат до Стража да платаат бензин да јадат по две мекици и да се вратат назад.

Владата на СДСМ се задолжи премногу е сега дава вересија како да се нивни пари, а кои сите треба да ги враќаме.

Жива превара ќе каже мудриот народ кој веќе знае да препознае што е предизборен поткуп за гласање. Ако сакаат да им  помогнат на ранливите категории да им платат комуналии и друго кое им е како заостанат долг кон државата.

Но многу од ранливите ги нема на списокот има над 50.000 жалби, а ги нема самохраните родители и пензионерите кои во период на изолација си ги зголемија своите болести и сега немаат само за лекарства, а немаат можност и да одат на бесплатно бањско лекување. Им ги укинаа одморите на малите деца од чии родители се корисници на социјална помош кои исто беа најизолирани, но затоа пак нивните повозрасни братчиња и сестри кои можат да гласаат ќе добијат ваучер за еден  или два дена прошетка до туристичко место за кое треба гардероба и може од срам дека немаат пари ни за купаќи и друга опрема за капење нема да отидат, нема да можат да ги дадат од домашниот буџет .

Е уште едно големо понижување за најранливите е да отидат и да видат дека додека седат на клупа со по еден сендвич како до нив до блискиот ресторан “моќниците” за еден семеен ручек ги даваат тие пари.

Дополнително е и проблемот по банките кај сега се стискаат да дојдат до картичките ќе се испоразболат од вирусот Ковид-19, а некои кои се во изолација не можат ни да ги подигнат.

Тука се и новите искуства со картичките од 3.000 ден да се купуваат домашни производи, и изненадување и ново понижување кога ќе се утврди дека картичката била празна.

Тука се и младите хумани и воспитани млади кои сметаат дека треба да се искористат средствата за помош на заболените и поранливите и ако сакаат не можат да ги вратат парите.

И последно понижување кога на слика за промоција на нашата преубава Македонија не најдоа слики кои ги има на многу наши и странски сајтови, пак окото им отиде на фотографии од други земји. Тоа зборува за нивната интелигенција, а не на македонскиот народ. Тој е умен не го понижувајте со еднократна помош, не се прави ништо и пак ќе ја спомнам поговорката “научи го човек дa лови риба, а не да му дадете риба за еден ручек“ или една вреќа брашно или социјален пакет. 

Затоа мој народе почитувајте се пред сé сами себе, не се фаќајте на мамки,  вие не сте за една употреба  направете проценка и почитувајте луѓе со интегритет и образование. Зашто животот е цртеж без гумица за бришење.

Интегра има став секој граѓанин со сопствени средства да може да дојде во туристички места и Охрид, а задоволството ќе биде за сите поголемо, а не понижувачко и за гостите и за домаќинот зашто се обезвреднување и двете страни.

Автор: Дивна Јанкова

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •