јуни 23, 2021

Демонстранти се обидоа да го урнат споменикот на седмиот американски претседател во близина на Белата куќа, Трамп вети апсење на секој што ќе собори статуа

Статуа Ендрју Џексон

Полицијата во главниот град на САД, Вашингтон Д.Ц., ги растера демонстрантите во понеделникот, кои се обидоа да ја симнат статуата на Ендрју Џексон, седмиот американски претседател, во паркот во непосредна близина на Белата куќа.

Демонстрантите на плоштадот Лафајет врзаа јажиња околу статуата за да можат да ја извлечат од нејзиниот подножје. Тие на крајот беа растерани од плоштадот од страна на полицијата.

Статуата го прикажува Џексон, седмиот претседател на нацијата меѓу 1829 и 1837 година, во воена униформа на коњ, во знак на почит на неговата пред-претседателска воена кариера. Но, тој беше критикуван и за потпишувањето на законот од 1830 година, што доведе до насилно отстранување на илјадници домородни Американци од нивните земји во јужниот дел на САД, настан познат како „Патека на солзите“, затоа што многу домородци умреа додека се движеа кон запад .

Џексон исто така поседувал многу робови на неговата плантажа во Тенеси, со кои честопати постапувал строго.

Секој фатен како се обидува да собори статуа или споменик ќе биде уапсен, и за тоа би можел да лежи до 10 години затвор, a американскиот претседател најави дека наредбата ќе важи и „ретроактивно“.

„Ги овластив федералните власти да го уапсат секој што ќе вандализира или уништи споменик, статуа и сличен сојузен имот во САД, за што следува казна до 10 години затвор според Законот за заштита на спомениците на ветераните,“ објави Трамп на својот профил на Твитер.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •