јуни 20, 2021

90 нови случаи на Ковид-19, починати се 9 лица

pcr

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-2, Штип-8, Тетово-4, Струга-10, Велес-2, Битола-2, Охрид-13, Гостивар-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Ресен-6.

Починати се 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 90-годишна возраст, хоспитализиран на 15 јуни. На Институот за белодробни заболувања и ТБЦ е починат 64-годишен пациент од Скопје.

Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациентка на 70 години, од Скопје, хоспитализирана на 10 јуни, 61-годишен пациент од Гостивар, хоспитализиран на 17 јуни и пациент од Скопје на 57-годишна возраст, примен на 17 јуни. На барање на семејството е испишан од болница пациент од Скопје на 64-годишна возраст, кој починал во кола по заминувaњето. Хоспитализиран бил на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на ковид, а потврден позитивен по приемот.

Во КБ Тетово починати се две лица, пациент на 60 години, хоспитализиран на 20 јуни и пациентка на 70 години, хоспитализирана на 15 јуни. Во ОБ Охрид вчера е починат 64-годишен пациент, чиј позитивен резултат е потврден денес.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-9, Штип-30, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5196, бројката на оздравени пациенти е 1974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2975.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •