јуни 21, 2021

Снимки откриваат како Ден Дончев го координира рекетарскиот притисок врз „Диамед“, Заев знаел за тоа, и како Ден Дончев зема поткуп

Ден Дончев

Едно видео, на кое поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, е снимен со купче пари в раце на засега непозната локација, како и три адуио-снимки поврзани со рекетирањето на фирмата „Диамед“, се објавени на Јутјуб каналот „Лепливи раце“.

Од аудио-снимките се слуша како доскорешиот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, се фали дека е во постојана комуникација со директорот на финансиското разузнавање Блажо Трендафилов. Дончев тврди дека Блажо Трендафилов му бил близок пријател на Зоран Заев.

Во разговорите се слушаат детаљи за тоа како Дончев го менаџира обидот да се одврати шведската компанија „Диаверум“ од купувањето на компанијата „Диамед“.

Не е познато со кого зборува тој, но од една куса неразбирлива реплика на соговорникот, се добива впечаток дека од другата страна на линијата е лично Венко Филипче. Сепак, таа претпоставка допрва треба да се потврди или да се отфрли.

Во снимките, покрај Блажо Трендафилов и Венко Филипче, се спомнуваат уште три лица: Зоран Заев, адвокатот Филип Медарски и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Дончев на соговорникот му вели дека од Зоран Заев добил „пас“ да пуштат полиција, со што упатува на директна вмешаност на поранешниот премиер во аферата во јавноста наречена „Рекет 2“.

Медарски во приказната го прави нервозен Ден Дончев. „ Го имаат фатено Медарски од другата страна, со цел да имаат влијание кај премиерот“. Во снимката Медарски се спомнува во позитивен контекст, што не може да се каже и за поранешниот министер Никола Тодоров, кој, ако добро се разбира контекстот, е стокмен за сведок за тендерот за концесијата за дијализа, со задача да каже дека бил злоупотребен од Никола Груевски. Како што е познато, тоа не се случи.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •