јуни 23, 2021

Лекарите открија колку време може да ве штити руската вакцина против корона

Вакцината против коронавирусот, изработена од Министерството за одбрана на Русија и Научниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“, ќе го заштити вакцинираното лице од оваа болест најмалку две години, соопшти директорот на Центарот, Александар Гинцбург.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
Корона Вакцина

Според лекарите, вакцината се дава двапати. Истиот ген се внесува во телото на различни носители, што и дава можност на вакцинираната личност да добие имунитет, за подолг временски период, рече Гинцбург. Според него, ваквиот пристап гарантира дека лицето кое ја прима вакцината ќе биде заштитено од вирусот корона најмалку две години, а можеби и за подолг период.

За масовно вакцинирање на населението во Русија ќе бидат потребни околу седумдесет милиони дози на вакцината против коронавирусот.

Раководството и здравствените организации на земјата усвојуваат мерки со цел да се започне процесот на масовно производство на вакцини.

Во исто време, лекарот се пожали дека експерти од странски медицински организации не брзаат да споделуваат технологии за развој на вакцината, и покрај тврдењата дека е неопходна транспарентност во тој процес.

Клиничките испитувања на вакцините во Центарот Гамалеј и Министерството за одбрана започнаа на 18 јуни на 18 волонтери во болницата Бурденко. Досега, не се забележани компликации кај пациентите. Тестовите се планираат да бидат завршени до крајот на јули.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •