јуни 21, 2021

Статистичка грешка од 6% во анкета, а на неа 41% одбиле да се изјаснат

41,1% немаат доверба да кажат за кого ќе гласааат. Тоа е всушност добар знак за опозицијата, бидејќи повеќе се плашат од реперкусии оние што ќе гласаат против власта. Но како индикатор за стравот што владее во општеството е ужасен!

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
Роберт Милески

Статистичка грешка 6%? Според која математика? 41,1% ви рекле дека не сакаат да откријат за кого ќе гласаат. Тоа автоматски грешката на анкетата ја подига на 47,1%, што значи дека е комплетно нерелевантна!

Како и да е, некој треба да го преиспита својот настап, да почне отворено без ракавици да говори за горливите прашања што ги тангираат Македонците, а не да ги прескокнува.

Прочитав од еден политичар од кај соседите дека било договорено штетните договори да не бидат дел од кампањата, а како што гледам се следи таа инструкција од оние од коишто се очекува да зборуваат јавно за нив. Молам?

Ако сакате да дојдете на власт, очигледно ќе мора да наврете мадиња на вас, а не да ги оставате дома. Не играјте играчки, се работи за опстанокот на Македонците! Не поминува повеќе трикот со молкот од референдумот! Застанете на страната на македонскиот народ, тие тоа го очекуваат од вас, а вие сте ДОЛЖНИ тоа да го направите!

Ова сфатете го како инсентив да се подобрите себеси.

41,1% немаат доверба да кажат за кого ќе гласааат. Тоа е всушност добар знак за опозицијата, бидејќи повеќе се плашат од реперкусии оние што ќе гласаат против власта. Но како индикатор за стравот што владее во општеството е ужасен!

Целата анкета може да ја прочитате на МКД.мк.

Автор: Роберт Милески

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •