јуни 20, 2021

Северниот бумеранг

Македонската република ни ја узурпираа и ја прогласија Северната дивотвороба, со новокомпониран народен идентитет, со цел да прикријат траги од историското ограбување, угнетување, силување и етничко чистење на македонскиот народ, низ сите делови на неговата поделена и окупирана татковина, Македонија.

Но сѐ додека Северната дивотворба гласно им ја отфрламе како нелегитимна, репресивна, корумпирана и антимакедонска, со нејзиното наметнување всушност привлекуваат ново внимание кон неправдите кои сакаат да ги забошотат.

Macedonia-map

Што поупорни и поиздржливи сме, толку поконтрапродуктивни ќе бидат нивните злодела. На крајот ќе победи посилната волја. Ако е нашата посилна, во интерес ќе им биде самите да си ја поништат дивотворбата. Колку сме, толку сме, токму сме!

Автор: Игор Аврамовски Александров

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •