јуни 21, 2021

Повеќенаменски корона избори во Србија

Во Србија денеска се одржуваат парламентарни, покраински и локални избори.

До 12 часот на гласање излегле 18,3 отсто, покажуваат податоците на Центарот за истражување, транспарентност и одговорност, од каде оценија дека моменталната излезност е на ниво од парламентарните избори во 2016 година.

Избирачките места се отворени во 7ч наутро, а ќе се затворат во 20 часот.

Нешто повеќе од 6,5 милиони гласачи треба да изберат 250 пратеници во Народното собрание чиј мандат ќе трае четири години.

На гласачкото ливче има 21 партија и коалиции. Блокот опозициски партии предводени од Сојузот за Србија ги бојкотира изборите.

Во февруари 2020 година беше намален цензусот за влез во парламентот од пет на три отсто, освен за партиите на малцинствата.

Изборите ги следат повеќе набљудувачки мисии, но Европскиот парламент не испрати своја поради пандемијата од крона вирус.

Александар Вучиќ трпеливо чекаше на ред со многу луѓе за да гласа.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •