јуни 19, 2021

Ол Ин

Комарот е веројатно најголемиот човеков порок. Но, колку пати може човек да вложи се во играта?! Комарџиите знаат дека доколку изгубиш партија на “ол ин”, мора да ја напуштиш масата за игра. Но, дали е тоа така во политиката?!

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
Стефчо Негриески

На ова прашање е тешко да се одговори од причина што пред Зоран Заев ниеден политичар не играл “ол ин”, или по нашински “на сé”, ниту кај нас, ниту во светски рамки. Иако да играш со туѓ влог е најлесно, нели!? Кој е поривот на поранешниот премиер да ги вложи името, идентитетот, историјата, а еве сега гледаме и јазикот, за некаква претпоставена светла иднина на државава?! Зарем стварно не можеше да согледа дека името на една држава не е причина за успех или неуспех?! Или можеби не сакаше!? Сепак Заев не е од вчера, тоа е човек кој што изградил бизнис империја за македонски услови и научил во животот да прави компромиси, но сигурно научил и да не се самопонижува. Сигурно бизнисот го научил и да биде претпазлив кога вложува, да ги согледа сите ризици, но и кога после долга анализа ќе реши да вложи, секако очекува и добивка од влогот.

Па која е добивката за Македонија од оваа хазардерска игра на Заев? Две години од “Преспанскиот Договор” и нешто повеќе од “Договорот за добрососедство со Р. Бугарија”, редно е да тргнеме црта и да видиме каде е Македонија во моментов?! Дали денес Македонија е држава во која владее правото? Дали Македонија денес е економски посилна отколку пред две години? Дали нашата инфраструктура денес е подобра? Дали се лечиме бесплатно ширум Европа (се сеќавате на рекламните паноа пред референдумското изјаснување)… итн.

На сите овие прашања, моите одговори се не. Вашите?

А, дали Заев ќе се врати на коцкарската маса со празни џепови, и ќе стане првиот политичар во светски рамки кој си го продал сопствениот народ и продолжил да владее, ќе дознаеме после 15 јули. Дотогаш, следиме кампања и здравствена статистика.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •