јуни 21, 2021

Објавени првите резултати од изборите во Србија, огромна победа на Вучиќ

Објавени се првичните резултати од изборите во Србија, според кои Српската напредна партија на претседателот Александар Вучиќ освоила 62,5 отсто.

Разликата меѓу Вучиќ и другите партии е огромна. Втората партија има едвај 10,7 отсто и тоа е коалициската Социјалистичка партија на Србија на Ивица Дачиќ. Партијата Спас на Александар Шапиќ освоила само 4,1 отсто.

Според овие резултати, само тие три партии влегуваат во парламентот, што е преседан во Србија. На изборите излегоа околу 50 отсто од гласачите.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •