јуни 23, 2021

Насилство на улиците на Штутгарт, нападната и полицијата

Повеќе од десетина полицајци се повредени, а 24 лица притворени по уличните тепачки во германскиот град Штутгарт, кои избувнаа рано денеска, соопшти портпаролот на полицијата. Полицијата соопшти дека додека вршела претрес поради сомневање за дрога, напаѓачите се обединиле заедно против полицајците. Истовремено, мали групи на луѓе со маски, почнале да ги ограбуваат продавниците на централните плоштади.

Според полицијата групата која првично броела од 200 до 300 лица се зголемила на околу 400 до 500 луѓе. Напаѓачите фрлале камења кон излозите на продавниците, а на едно видео се гледа како еден човек од толпата напаѓа полицаец од грб. Полицијата побарала засилување и околу 200 полицајци за да ја стават ситуацијата под контрола.

Министерот за внатрешни работи на Баден-Виртемберг, Томас Стробл, истакна дека вакво насилство во државата нема видено. Тој информираше дека е формиран истражен тим кој ќе биде поддржан од државната криминална полиција.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •