јуни 21, 2021

Мицкоски кон ДУИ: Внимавајте како се однесувате, на Македонците им е преку глава да бидат граѓани од втор ред

Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Куманово порача дека поминало времето кога ДУИ се чувствува комотно и романтично во Владата.

„Она кое што сакам да им го порачам е да внимаваат како се однесуваат бидејќи на Македонците но и на останатите граѓани во Македонија им е дојдено веќе преку глава да бидат граѓани од втор ред и таков тип на барања може да ги задржат само во сопствените редови за храбрење и мотивација на сопственото членство. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се обраќа на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност во Македонија и ќе ја искористам оваа прилика да им се обратам и ним како политичка партија дека ваквата реторика и ваквиот начин на однесување не само што не носи добро туку напротив ја заострува ситуацијата во нашата држава. Ние ќе одговориме соодветно затоа што поминаа времињата кога ДУИ ќе се чувствува комотно и романтично во Владата на Република Македонија“, рече Мицкоски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •