јуни 20, 2021

Надеж во борбата со Ковид-19? Германска пациентка со тешка клиничка слика излечена со лек – и не е само таа

Значителен напредок во потрагата по лек за коронавирус во Германија. Научниците од Марбург постигнале „извонреден“ успех во третманот на пациент заразен со „Ковид-19“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
ruxolitinib

Научниците од Универзитетот во Марбург известија за успешно лекување на 65-годишна пациентка заразена од Ковид-19 со Ruxolitinib.

После инфекција со патогенот Sars-CoV-2, пациентката страдала од акутна слабост на белите дробови и други оштетувања на органите, велат научниците. Според тоа, таа морала да биде поставена на респиратор во одделот за интензивна нега.

Но, по земањето на лекот за карцином откриен во средината на 1960-тите години, дишењето и работата на срцето брзо се подобриле. Од десеттиот ден од престојот во болница, жената постепено се одвикнувала од респираторот. Мултиплицирањето на вирусот се намалило.

Лекот Ruxolitinib – Може ли да излечи откажување на белите дробови од „Ковид-19“?

Истражувачите од Универзитетот Марбург во Хесен, каде што исто се вршат истражувања за вакцина против корона, го припишуваат успехот на третманот со лек за карцином Ruxolitinib.

Текот на лекувањето бил „извонреден“. Овој напредок треба да се искористи, велат тие. Федералниот институт за лекови и медицински помагала одобри клиничка студија во која научниците сакаат да ја испитаат употребата на руксолитиниб против откажување на белите дробови.

Надежите во лекот против рак во борбата со ковид-19 се големи. Пациентката не била изолиран случај. Според информациите, неколку пациенти со корона биле успешно третирани со лекот руксолитиниб.

Онкологот Андреас Новауер изјавил: „Сите на кои им бил даван лекот повеќе од една недела, биле излечени.“ Клиничките студии сега треба да дадат дополнителни информации.

Извор: меркур.де

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •