август 4, 2021

Професор Калајџиев за “Рекет”

Далеку сме од цела разврска за случајот Рекет, а овој случај е важен сегмент и поради СЈО и неговото функционирање. Што се однесува до Бојан Јовановки – Боки13, тоа ќе трае во врска со постапките со неговата невладина. Но, сепак знаете какво е судството кај нас, предметите одат на повеќе инстанци и тоа трае и трае, рече професорот Гордан Калајџиев на гостувањето на телевизија Алфа на емисијата „Што не е јасно“.

Според него сега може само да се суди за пресудата, а и истата треба да ја видиме писмено.

-Вообичаено судијата треба да се осврне на клучните работи, а ние слушнавме опис, а ништо за клучните докази. Мора да ја почекаме пишаната верзија на пресудата. Многу работи се нејасни на пример, што правеле на 40 рочишта кога не добиле ништо за главните факти, рече професорот.

Во контекст на кажувањето на Јовановски “барајте ги парите од Рекет кај Вице и Зоран Заев”, Калајџиев укажа дека не е чудно.

“Сите знаат за капацитетот на Јанева, а и на Јовановски, затоа постои тоа сомневање за нив дека можеле да го сторат тоа сами. Има предмети слични во кои се спомнува поранешен премиер, но тука не е СЈО, ниту Јанева”, рече Калајџиев.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •