јуни 21, 2021

Нов студиски албум на Нобеловецот Дилан

Легендарниот пејач и кантавтор Боб Дилан го издаде својот нов албум со оригинални песни, прв по осум години. Ова ќе биде неговиот 39 студиски албум и ќе го носи насловот „Rough and Rowdy Ways”. Последниот албум на Дилан – „Tempest”, беше издаден 2012 година.

На новата збирка ќе се најде и годинашната 17-минутна балада за убиството на Џон Ф. Кенеди – „Murder Most Foul“, како и насловната песна на самиот албум, посветена на американскиот блуз-музичар Џими Рид.

Боб Дилан ја доби и Нобеловата награда за литература во 2016 година, но не се појави на доделувањето на наградата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •