јуни 6, 2023

На Македонија и се заканува медиумски мрак

Операторите тврдат дека протестот е поради неодржливата правна рамка и неприменливите, неодржливи и спротивни на ЕУ директивите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, што беа донесени од Собранието во февруари годинава.

За ваквата одлука веќе се информирани сите релевантни домашни институции и сите меѓународни организации и амбасади, но одговор нема. Операторите велат дека едноставно биле приморани  да почнат со времени прекини во реемитувањето.

„Принудени сме да започнеме со времени прекини во реемитувањето на телевизиските програми во знак на протест поради неодржливоста на сегашната правна рамка и наметнатите неуставни обврски. За време на прекините на екранот ќе ја испишеме причината за ова, со цел да ги запознаеме нашите корисници и општата јавност со она што ги очекува на почетокот на август оваа година како резултат на донесената Уредба“, се вели во писмото што го испратиле опeраторите.

Ова не е прв пат операторите да се заканат со прекин на емитувањето на странските и домашните телевизии. И пред неколку месеци, после носењето на законот пред самото распишување на парламентарните избори, исто така беше најавено замрачување на тв екраните, но тогаш истото беше одложено со надеж дека ќе може да се дојде до решение на проблемот.

За авторот

Сподели