јуни 20, 2021

Мултикултурна македонска нација

Сум разговарал и со етнички Македонци и со етнички Албанци за регулирање на меѓуетничките односи во Македонија по принцип дека сите се пред сѐ Македонци по националност, кои користат единствен заеднички јазик, македонскиот, и се еднакви пред заеднички правен систем, македонскиот, а дури потоа сите имаат право приватно или во доброволно здружени заедници да си ги одржуваат своите етнички особености, до степен кој што не го загрозува националното заедништво. Ако живеат во Македонија, секогаш одговараат нешто во стилот “Не разбираш ти како е овде. Не е ова Австралија или Америка. Не се прифаќа тоа во Македонија.” И секогаш ги прашувам:

  1. Дали сакате Македонија да остане таква каква што е или сакате да стане повеќе како Австралија или Америка? Поуспешна ли е Македонија во мултикултурализмот?
  2. Дали мислите дека Австралија и Америка се исти и дека отсекогаш биле такви какви што се денес? Немало ли во тие земји некогаш поголема етничка поделба од она што го има денес? Како мислите дека ги постигнале промените? Слушајќи ги расистите кои велеле дека никогаш нема да се прифати заедничка, мултикултурна австралиска или американска националност?
  3. Јас не разбирам како е во Македонија, иако сум се родил и сум живеел таму до 11г; моите родители и сите роднини се Македонци; македонските работи од детство ги следам и во нив учествувам поактивно од вас; и 35 години престојувам во Македонија по 2 месеци на 3 години, во просек (во последната деценија на година до две), претежно за социополитички активизам, при што ги поминувам сите делови на Македонија? Или вие не ги разбирате општествата кои ги сметате за супериорни, иако ниту сте растеле или живееле во нив, ако воопшто сте ги посетиле, ниту сте им ја проучувале историјата?

Автор: Игор Аврамовски Александров

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •