јуни 20, 2021

Коронавирусот присутен во Италија уште во декември, покажа испитувањето на отпадните води

Италија-корона

Италијанските научници велат дека испитувањето на отпадните води во два града покажало дека коронавирусот бил присутен во земјата уште во декември, многу пред официјално да бидат потврдени првите случаи на зараза.

Националниот институт за здравство (ИСС) објави дека во водите на Милано и Торино имало траги на вирусот уште на 18 декември, што се надоврзува на доказите од некои други европски земји дека коронавирусот кружел многу порано од она што е познато.

Кинеските власти ги потврдија првите случаи на крајот на декември, а Италија во средина на февруари. Франција дополнително откри пациент со коронавирус од 27 декември, додека една шпанска студија утврдила траги на вирусот во отпадните води на Барселона во јануари.

Научниците на ИСС испитале 40 примероци на вода земени од северна Италија меѓу октомври и февруари. Примероците од октомври и ноември биле негативни, покажувајќи дека тогаш вирусот уште не бил стигнат. Отпадните води од Болоња покажале траги од вирусот во јануари.

Италија беше прво големо европско жариште на ковид-19, кој таму однесе над 34.500 животи.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •