јуни 21, 2021

„Една точка за услуги“ со модернизиран изглед

Салата за јавни услуги „Една точка за услуги“ што се наоѓа во поранешните простории на Комерцијалната банка, е целосно модернизирана според новите стандарди, со нов принцип на работа во јавниот сектор. Според министерот за информатичко општество и администрација на Република Македонија, Дамјан Манчевски, просторот сега е пример за тоа како треба да функционира сервис што е ориентиран кон граѓаните.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
Една точка за услуги

„Просторот ги следи најнови стандарди за тоа како треба да функционира еден сервис што е ориентиран кон граѓаните. Но тоа не е само нов изглед, туку станува збор за целосно нов принцип и култура на работа во јавниот сектор. Шалтерите конечно се минато и во тоа ќе можете и самите да се уверите. Вработените во администрацијата се сервис на граѓаните и се фактички првиот контакт кој што граѓаните го имаат со државата и со институциите“, рече денеска Манчевски по посетата на салата.

Тој потсети дека пред повеќе од една година се донесени повеќе институции да нудат услуги од тука. Како што додаде, тука се сместени Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Управата за јавни приходи, Агенција за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика, Централниот регистар, Фондот за здравствено осигурување, Управата за водење на матични книги, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Обезбеден е и како што рече, непречен пристап и за лица со пречки во движењето, а има и служба која ќе работи на одржување на редот, особено во сегашните услови на здравствената криза. Електронски ќе се следи и работењето со регулирано време на пауза и без можност да има граѓани да чекаат, а да нема кој да ги услужи.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •